Home Археологија Археологија во вреќа грав и недостапната архива на Вечер

Археологија во вреќа грав и недостапната архива на Вечер

638 views
0

Ме бендиса овој наслов на Вечер. Иако си стојат фраерски по страна за ,,случајот со штитовите“, бар имаат достоинство да напишат за вредните предмети т.н. ,,Македонски брозни“, кои пред некој ден беа вратени во Македонија. Случајот со бронзите за кој најмногу внимание посвети весникот Дневник (1,2,3), конечно е завршен. Прикаската е тажна, како и секоја друга сторија со чија помош еден народ културно, историски, археолошки или на било каков друг начин се осиромашува. Во контекст на ова ќе го цитирам археологот Душко Темелковски кој е еден од учесниците во моментално актулениот ,,случајот со штитовите”:

,,Се тркаме со дивите копачи за да ги сочуваме предметите. Во секој град се знаат дивите копачи, тоа е јавна тајна. Тие им се јавуваат на археолозите и им нудат предмети, преку нив се дознаваат многу работи.”

Илегално запленетите македонски бронзи 

Но, овој настан кој е поврзан со илегалната трговија на артефакти би бил порасветлен, доколку успееме да стигнеме до едно интервју на Јован Ристов дадено во Вечер, и насловено како ,,Мафијата ни го продава идентитетот и за 100 ЕУР.” Во него Ристов експилцитно кажува дека постои листа на 200 луѓе кои се бават со трговија на артефакти и чии имиња се знаат.

Што би рекол Волан ,,СПИСОКОТ ОД 200 ДУШИ ГО ИМА НО НИКОЈ НЕ ГО ОБЈАВИЛ…. И НИКОЈ НЕ Е ОБВИНЕТ” …до сега.

За жал, интервјуто кое е само по себе спорно, не може (намерно или не) да се прочита на интернет. Апелирам до весникот Вечер, доколку е можно (не само за овој напис) да обрнат внимание на тоа дека поголем дел од on line архивата не им работи, по редизајнирање на нивниот сајт. Да си ги вратат старите записи на интернет и да им овозможат на корисниците нивните текстови да бидат употребливи за пошироката јавност.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here