Home Археологија Дрвени бродови стари 4000 год. пронајдени во околината на Ресен

Дрвени бродови стари 4000 год. пронајдени во околината на Ресен

551 views
0

Три брода кои датираат отприлика 2000 год. п.н.е. се пронајдени во с. Наколец, Ресен, многу одамна. Локацијата на селото Наколец (за кој постои и терминот Мала Венеција) како археолошки локалитет не е запишана никадеа, а мештаните велат “Голема работа Имаме најдено еден куп работи како оваа кои се појавиле на бреговите од езерото, но сите тие изгниле со текот на времето. Никој веќе и не се сеќава што се е пронајдено”.

Трите брода се изделкани од зимзелен тип на дрво кој го има во околината на Преспанскиот регион (а посебно на островот Голем Град кој е и самиот археолошки локалитет). Секој е направен од само еден единствен трупец. Пронаоѓачот Димитар Мучевски, археолог од Ресен вели дека вакви дрвени бродови гледал само во гробниците на фараоните.

Ете МРТ се на трага на уште една интересна и прекрасна сторија која се однесува на македонското културно богатство, а ја користам приликата да ги пофалам и да им кажам дека сајтот им е прилично среден.

Се надевам дека надлежните институции ќе најдат решение за финансискиот проблем со кој се соочуваат истражувачите, и нема да дозволат во неповрат да отидат уште еден куп на артефакти значајни за нашата култура.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here