Home Археологија Случајот со штитовите (до сега…)

Случајот со штитовите (до сега…)

730 views
0

 

Би сакала овој настан да го наречам ,,случај”, а не скандал, како што беше прозван од некои медиуми (Канал5) давајќи погрешна конотација на целиот тек. Можеби се во право можеби не. Времето ќе покаже. За да не настане забуна, никого ниту напаѓам, ниту бранам во оваа ситуација, туку едноставно би сакала да го пренесам моето мислење за овој настан кој претпоставувам почнал отпорано. Лавината за информацијата дека е пронајден главниот град на Македонија Четврта – Пелагонија во јавноста ја изнесе Виктор Лилчиќ токму пред една година. Меѓутоа дрскиот однос и стравот од дивите копачи си го сторија своето, и тој изричито откако ги пушти податоците во јавноста, одби да ја каже локацијата на овој локалитет.По една година јавноста е на сред ,,скандал” помеѓу Музејот и Заводот на град Прилеп (понатаму во текстот МЗП) и двајцата скопски професори Виктор Лилчиќ и Драги Митревски од Катедрата по археологија. Медиумите се известени дека дошло до ситуација МЗП да се закани на двајцата професори да вратат делови од штитови кои тие ги купиле нелегално, во рок од 24 часа. И тука започнува целата збрка.

Бидејќи веќе беше прикажан на телевизија дел од наодите каде ги видовме исчистени и конзервирани, веднаш се претпостави дека тие не се најдени баш вчера, туку поминало време. Кога оригинално се пронајдени се уште не се знаеше, но подоцна, по снимката мораше да излезе кустосот од МЗП Душко Темелковски со изјавата дека во нивни посед се отприлика 4 месеци.

Значи прашање број 1.

Ако знаеле од МЗП дека поседуваат ексклузивни наоди, зошто не ја известиле јавноста (читај медиумите) до сега, туку тоа го обелоденија веќе кога случајот завзеде несакан ток. Значи дека и МЗП се кабает.

Од друга страна, Виктор Лилчиќ со својот проект и минатата и оваа година битисувал во споменатиот регион. На кој web site налетал на информцијата дека се продаваат преостанатите делови од штитот на интернет,уште е тајна, но си земал за право да оди до Бонче на 10 октомври и да ги откупи со пари од својот проект. Изјавата негова дека видел како делови од штитот се продаваат на интернет… дека тој се нашол на лице место, и морал да реагира веднаш, не држи вода. Оние кои го познаваат законот за заштита на културно наследство, се упатени дека: ,,ако се најде артефакт, тој припаѓа на државата и секој пронаоѓач е должен да го пријави во најкраток можен временски рок на најблискиот музеј или завод за заштита.” А за да тој стигне во Скопје, богами и те како има да помине по приоритет неколку заводи и музеи.

Прашање број 2

Зошто така изреагирале двајцата доктори на науки останува енигма. Сега се бранат во име на титулата, што пак е ептен бизарно. Не верувам дека не го познаваат законот, и прашање е дали повеќе се работи за суета или е нешто друго посреди. Ама останува фактот дека јавноста не беше запознаена што тие ,,трезорираат” во својот сеф на факултетот се до овој настан.

Изјавите на Паско Кузман се крајно контрадикторни. Претходната управа знаела за наодите од пред 4 месеци, а оваа управата знаела дека двајцата професори ги откупила наодите. И пак не реагирала на време. Нејасноста и замумуљеноста на Паско Кузман како одговор на прашањето од новинарот само покрена лавина од реакции за кој дел од учесници можат да се соочат со прекршочни казни.

Прашање број 3

Прашањето број 3 е за Паско Кузман. Ако веќе знаел за наодите (и едните и другите), зошто и тој го чекал моментот кога се вжештија реакциите за да даде изјава во медиумите. Прво ги бранеше професорите (за кои е очигледно дека го прекршиле законот), па им даде пари да продолжат со ископувањето, за да во денешен Шпиц и Нова Македонија да прочитам дека се работи во целиов случај, ,,само за избрзана реакција”. дај боже да е тоа, но…

 

Јавно го изразувам својата загриженост за поголем дел од институциите кои се бават со нашето културно наследство и разочарувачки делуваа сите овие вести за поголем дел од луѓето, вклучувајќи ме и мене. Разбирам зошто е понекогаш потребно да се кријат податоците поради т.н. Археомафија или дивите копачи.

Пак ќе цитирам дел од мојот пост Археологија на идентитетот:

,,И додека нашите археолози се борат на видело да ги изнесат сите податоци кои можат да одат во прилог на сопствениот идентитет, а тоа трае веќе со децении, во светот постои поинакво правило. Тоа гласи: Тоа што ќе го пронајдеш публикувај го веднаш или ќе бидеш проколнат засекогаш. Со други зборови кажано, ако сам не се ставиш на археолошката мапа од светот, ќе бидеш од неа избришан исто како никогаш да не си постоел.”

Дали ние се ставаме или се бришеме од археолошката мапа на светот?

цитирано од 1,2,3,4,5,6,7

п.с. за ова пишуваа и некои други блогери

, , , , , , , , , e, , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , .

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here