Home Книги и литература Библијата останува дома

Библијата останува дома

516 views
0

 

Во целата оваа фама околу штитовите од село Бонче, настрана остана еден навистина благороден гест. Најавата за откупувањето на Библијата од 17 век од страна на весникот Дневник, стана стварност. Тие објавија дека предавањето на книгата ќе се изврши во вторник, на 14 Октомври во 12 часот, кога таа своето место ќе си го најде во Националната библиотека „Свети Климент Охридски“ во Скопје и веднаш ќе биде изложена за посетителите.

Она кое би можела да им го препорачам е дека со оваквата идеја, исто како и Народна банка на Македонија, можат слободно да формираат оддел за културно наследство, да почнат да откупуваат антиквитети кои понекогаш луѓето ги продаваат за џабе и да формираат сопствена збирка која ќе може јавно да биде изложена.

Конечно богатствата остануваат во трајно наследство на нашата држава, а Дневник и покрај тоа што стално им ги критикувам новинарите за култура, покажаа едно ниво достојно за почит. Се надевам дека овој гест ќе им прерасне во континуирана практика.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here