Home Археологија ТОП ВЕСТИ

ТОП ВЕСТИ

547 views
0
 

Професорите ги вратија штитовите од времето на Деметриј – во Скопје, а не во Прилеп
 
Мирко Вељановски, во чија нива беа најдени бронзените штитови, сведочи – дел продадов во музејот, а дел на двајца скопски професори, кои ме убедуваа дека тие и музејот се едно исто.
          
Совеста ми налагаше молскавично да реагирам и да ги откупам исклучително вредните наоди, откако ме известија дека еден од штитовите се продава на интернет, одговара професор Виктор Лилчиќ на обвинувањата дека вон институционално од селанец во старо Бонче откупил 6 фрагменти со револуционерен научен потенцијал. 
 
 
 

Професорот од скопската катедра за Историја на уметност и археологија се повикувa

 „Не верувам ниту на Душко Темелковски ни на свети Душко, на никого не се верува тука. На крако нема тука никој пристап. Двајца професори од врвната институција за археологија на Република Македонија, доктори, доаѓаат на терен наоѓаат парчиња од штитот и го терзорираат во просториите на Филозофскиот факултет“, вели Лалчиќ.

 

Другите делови од штитовите се подготвуваат за конзервација во прилепскиот музеј и завод, каде што на ист начин се откупени. Професор Лилчиќ претпладне ги предаде вредните артефакти во Управата за заштита на културното наследство, наместо според логиката на правото во културата да ги врати во Прилеп, за што имаше најави и од директорот на управата Паско Кузман. Од регистрирањето на исклучителниот наод во јуни до сега неговото згрижување во континуитет неправилно е спроведувано. Најголема дамка на сите професионални влогови става неразбирливата бавна реакција и наводите дека делови од штитовите можеле да бидат продадени во Грција.

 
          
 
Само на овој извадок би имала повеќе коментари, но бидејќи ние блогерите меѓу другото работиме со интернет, би сакала да знам кој е тој web site за кој зборува Лилчиќ на кој артефактите биле ставени на аукција.

Веста како и сликите се превземени од сајтот на Канал 5 телевизија. За фотографиите му благодарам на Волан.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here