


Коментаторката:
…фрла ново светло за простирањето на Античката Македонска држава. Прилепскиот Завод и музеј им даде рок на двајцата скопски професори археолози до вечер да ги донесат деловите од штитовите на музејот.
Директорот на Управата за заштита на спомениците на културата Паско Кузман, во одбрана на професорите Драги Митревски и Виктор Лилчиќ – Тврди дека се нашле во ситуација да ги откупат фрагментите и во тоа не гледа ништо лошо. Според законот било каква пронајдена културна вредност е државна сопственост и треба да се пријави во рок од 24 часа, во надлежниот завод или најблиската полициска станица.
Паско
… ,,аааа (онака подзамислено со раката на лице …) Колегите од Прилеп – направиле то што можеле да направат – ги откупиле тие предмети за кои што имале финасиски средства во моментот” …
Новинар
…,,а дали Ве известија” …
Паско
… ,,не … нас не известија …. нема проблем … ние сме известени за све што” ….
Новинар
… ,,а значи знаевте дека има уште фрагменти, зошто не ги одкупивте?” …
Паско
… ,,знаевме и ние ветивме … ко ке се вратиме во Скопје дека од Министерството за култура ке побараме хитно финасиски средства … за да може да се откупат и другите преостанати предмети … И додека то го правевме … значи … аааа … професорите кој што биле на терен да го истражуваат просторот … тие се нашле во ситуација да ги откупат тие предмети … и да ги пријават истовремено во пријавата … Значи не гледам дека е нешто направено кое не е дозволено … и едното и другото е во ред” …
Повторно благодарам до неколку блогери (чии имиња ќе останат тајна), кои ми помогнаа постот да го добие овој облик.