Дома Апели Апел за помош

Апел за помош

1,160 views
0

Почитувани, Во Првата детска амбасада во светот – Меѓаши ни се обратија со апел за помош, за нашиот пријател и сограѓанин, дваесетипет годишниот Марјан Ристески од Прилеп, кому се потребни уште 4000 евра. Операцијата за пресадување на коскена срж со која Марјан ќе ја победи леукемијата е закажана за набрзо. Ве молиме, вашиот прилог кон успешно завршување на оваа хуманитарна акција која за единствена цел има да го спаси животот на Марјан, да го дадете донирајќи 100 денари од вашиот мобилен со повик кон 070/143 – 131 или пак со донација на средства на отворената жиро сметка 300021000007082 Комерцијална Банка АД Скопје, со ознака хуманитарна за Марјан.

Знаеме, само на добрите дела со добро се врака. Ве молиме да дадете Ваш придонес. Однапред Ви благодариме за Вашата хуманост. Работниот тим на Првата детска амбасада во светот – Меѓаши.

Се приклучувам кон апелот на Меѓаши

Да му помогнеме на  Марјан Ристески од Прилеп.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име