Home Лично Тупава политика на Министерството за култура

Тупава политика на Министерството за култура

871 views
1

Значи ајде да направиме уште еднаш редефиниција на политика на Министерството за култура. Наместо да покажеме што се нудиме, ние каниме странски изложби. Да се разбереме. Немам ништо против бугарската изложба. Напротив, дури и симпатична ми е. Меѓутоа, ако постои демек ан-уе(а)лна ,,традиционална” манифестација како Европски денови на културата, не гледам причина зошто почитуваме туѓи, а ги игнорираме сопствените вредности. Наместо изложбата на чорапите од народните носии од Прилеп да дојде во Скопје и во останатите градови на Македонија, продолжува индиферентниот однос на Министерството за култура кон нашето етнолошко наследство. Мислам дека ако веќе се формира Министерство за информатика, тогаш би требало да се остави простор да се создаде уште едно – Министерство за ,,едукација” на Министерството на култура. И со измена на законот за донесување на закони, да и се стави веќе еднаш крај на оваа тупава политика за културното наследство.

1 COMMENT

  1. […] Тупава политика на Министерството за култура 2006 Предавање – Меѓународни повелби за заштита на културното наследство 2007 Слепи патници за културна Европа 2008 var addthis_pub = ‘addthis’; var addthis_language = ‘en’;var addthis_options = ’email, favorites, digg, delicious, myspace, google, facebook, reddit, live, more’; […]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here