Home Архео TV 2.0 Пирамида на сонцето – рецензија на емисијата на HRT1

Пирамида на сонцето – рецензија на емисијата на HRT1

1,052 views
0

Благодарение на информацијата која ја добив од Баждарџијата, ја одгледав емисијата ,,Na Rubu Znanosti“, која одеше во понеделникот од 23:20 на  HRT1. Во емисијата имаше двајца гости, од кој едниот беше Семир Османагич, пронаоѓачот на Пирамидата на сонцето, крај Високо, Босна. Јас си мислев три, ама оно види б(л)огати, они си нашле цели пет пирамиди. Едната ја нарекле дури и Пирамида на љубовта, демек била прва од овој тип во светот.

Во повеќе наврати имам пишувано за пирамидата, и го имам дадено својот став. Бидејќи си ја задржав ревноста да фаќам белешки уште од студентските денови, она што го заклучив од едночасовната емисија беше дека:

1. Не се прикажа ниту една релевантна и автентична фотографија од геолошките истражувања кои се во тек. Веродостојноста на постоењето на некои камени блокови беше само усно потврдени, оти гледачите имаа можност да видат некакви си делови од карпи, кои можат да бидат снимани било каде. Па, и да се таму, тие се уште ништо не покажуваат.

2. Исто така целата документација која беше покажана, се однесуваше на сателитски или радарски снимки, без некои прецизни детали на нив. Беа пикирани само некои одредени точки на чија база дискусијата завзеде несакан ток, т.е. …

3. Лабилноста на изјавите дека се работи за скалеста пирамида која служела како енергетски канал каде спирално се земала и се отпуштала енергијата во космосот, ептен не држи вода. Разговорот отиде дотаму што Османагич тврдеше дека мотивот и намената на пирамидата биле во прилог на тоа дека на цивилизацијата која ја изградила, им служела за разговор со енергетски ентитети.

4.На прашањето од водителот ,,За која тоа цивилизација станува збор – беше одговорено, ,,Се уште немаме доволно елементи да ја дешифрираме цивилизацијата која ја изградила пирамидата.”

5. И за крај. Како може во јавноста да се говори за некој дека е пронаоѓач на пирамида, а таа се уште физички не постои. А? Како? Ќе биде ли онаа народната ,,Нероден Петко капа му купиле”???

За повеќе упатеност, случајот со Пирамидата може и хронолошки да се следи на мојот блог:

1. Босанските пирамиди – псеудо или археологија?
2. Срушена босанската пирамида
3. Пирамидата во Босна – природна формација
4. Апдејт на Пирамидата во Босна

© археоблог 2006. Сите права задржани

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here