Home Археологија Блогерите собираат доброволен прилог од 120 000 денари

Блогерите собираат доброволен прилог од 120 000 денари

660 views
0
Негрижата за сопственото култрно наследство ја достигна својата критична граница. И не баш било која граница, туку словенската граница на која веќе една година стојат артефакти кои и припаѓаат на Р. Македонија.

Не се разбирам многу од законски постапки при добивање на сертификат со кој треба да се посведочи дека одреден артефакт ја напушта матичната земја и треба да биде изнесен заради одредени причини.

Но просто е….

Ако македонските археолошки предмети влегле во Словенија (а влегле) тогаш како влегле? Ако не е добра сегашнава процедурата за излегување од земјата, значи не била ни тогашната за влегување.
 
Знаеш што Окси (да ти одговорам на коментарот од претходниот пост). Ако бил одобрен влез за артефактите, тој ист документ треба да послужи и за излез. Оти веројатно во него е наведено времето, точниот опис и количината на артефактите. Морале да имаат сертификат и  одобрение за да ги изнесат артефактите од Р.Македонија и ист таков од Министерството за култура на Словенија, за да ги внесат таму. Во овој случај за тоа било задолжено нашето Министерство за култура.

Ама луѓе бре. Не е ова стока. Ова се артефакти. И не е еден месец, туку цела година на царина. Ова е катастрофално однесување и крајна негрижа за сопственото културно богатство. Ако ние не се грижиме за него, зошто тогаш би очекувале од некој друг, да го стори тоа.

Работата е сериозна и крајно загрижувачка како една институција од рангот на Министерство за култура си дозволила да се доведе до ова дереџе.

Што би рекол Кибицер:

,,Предлагам ние блогерите да почнеме да собираме доброволен прилог од 120 000 ден. за Министерството за култура да има пари да ги врати нашите артефекти, таму каде што припаѓаат.”

 
 
© археоблог 2006.Сите права задржани

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here