Home Блогосфера Агресивна реклама – дел трет

Агресивна реклама – дел трет

612 views
0
СОВЕТОТ ЗА РАДИОДИФУЗИЈА ЈА ЦЕНЗУРИРА РЕКЛАМАТА “ОПУШТИ СЕ СО …RELAX” НА Т-MOBILE
 

Советот за радиодифузија им забрани на телевизиите пред 21 часот да го емитуваат делот од рекламниот спот “Опушти се со … Relax” на Т-Mobile Македонија кога младичот, додека разговара на мобилен телефон, скока од висококатницата без никакви здравствени последици. Од Советот велат дека реагираат поради зачестените негативни реакции од загрижени родители на малолетници кои се плашат дека децата може да го имитираат однесувањето на главниот лик во спотот. Препораката се однесува само на конкретната сцена и е во согласност со упатството за примена на препораката за заштита на малолетниците од содржини што можат штетно да влијаат врз нивниот телесен, умствен и морален развој.

“Емитувањето програми што не се соодветни за гледачи помлади од 12 години треба да се помести во период кога е присутен родителски надзор. Програмите не треба да содржат сугестибилни пораки што можат да предизвикаат имитација кај дел од публиката која лесно се идентификува со ликовите”, велат во Советот.
 
Доколку блогосверата имаше макар и мал удел во врска со цензурирањето на рекламата “Опушти се со … Relax” на Т-Mobile Македонија, изразувам благодарност во името на сите оние блогери кои го поддржаа Волан и оваа иницијатива
 
 
© археоблог 2006.Сите права задржани  

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here