Home Лично Агресивна реклама – дел втор

Агресивна реклама – дел втор

583 views
0

Гледам наоколу реакции за рекламата на Т-mobile, па реков да си го кажам и јас својот став. Се сложувам со произнесеното мислење на Волан. Мене искрено рекламата не ми се допаѓа. Дека не е во ред, не е и сметав дека треба да и се придодадат етикети во форма на јавни забелешки. Не смее да се сведе на она шекспировското much ado about nothing.

Кога еден производ е достапен за сите, треба да се размисли и начинот на кој тој ќе биде рекламиран за да им се доближи на купувачите. Рекламата треба да биде реална, кореспондирајќи со светот каде реално функционира мобилната телефонија. Намерно го форсирам зборот реален бидејќи се работи за опкружување во кој дечкото (во овој случај) има мобилен телефон и следствено на тоа знаци дека ако дечкото е реален, мобилниот е реален, понудата е реална, се останато што прави е реално.

Заклучокот кој го изведов од мојот пост Ја избрав ли самата својата вистина е дека: ,,Секоја вистина носи последици. Значи реална е онаа вистина која носи последици. Дури тогаш сваќаш дека е вистинита. Мислам на реалноста. Инаку од каде ќе знаеш дека е реалноста вистинита ако ги нема последиците.???”

Kids do try this at home и ќе биде онаа мојана Exeptum probabam regulam* (Исклучокот го проверува правилото) па дури тогаш одговорните за рекламата ќе се соочат со тужби.

Како прилог за маркетингот на она што беше Мобимак, а сега е Т-mobile, давам исповед на еден блогер. Се надевам дека нема да ги повторат веќе направените грешки. А новите ќе си ги п(ре)оправат.

 

© археоблог 2006.Сите права задржани 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here