Home Агата Кристи и археологијата Археологијата во романите на Агата Кристи (3)

Археологијата во романите на Агата Кристи (3)

1,223 views
0
Jerremy Bret како Шерлок Холмс
Но пред Кристи и воопшто почне да размислува на тој начин, еден друг човек во книжевноста вовел лик кој практично ќе ги постави основите на она кое што Кристи ќе го продолжи. Се разбира тоа бил Шерлок Холмс на сер Артур Конан Дојл. Овие карактери по своите методи се доста слични со теоретската и методолошката иновација која се појавила во средината на 20 век, односно ќе бидат своевидни перјаници на нешто за кое се залагале поборниците на т.н. процесуална или Нова археологија. Оваа теорија денеска е надмината, но за тоа можеби во некој нареден пост. Со својот дедуктивен начин на размислување, практично тие им се спротиставиле на тогашните традиционални методи на истражување. Во секое од делата и на Дојл и на Кристи, очевиден е триумфот на детективите, во споредба со конзервативните методи на полицијата.
Агата Кристи во Chagar Tell
Покрај се друго, треба да се има во предвид дека на Агата Кристи добро и биле познати тероетските основи на археолошката мисла, во која и самата таа на некој начин преку својот маж и преку романите, имала удел.

Вистинските археолози би рекле…ех ние имаме толку многу работа, немаме време да се замараме со некакви си хипотези”. . .
Но, главните ликови од нејзините романи го прават токму тоа.

Агата Кристи во Chagar Tell
И во едниот и во другиот случај се работи за дедуктивно-хипотетички методи пропратени со доза на познавање на човековата природа во својата срж каде на база на компарација на ликовите се прави психолошки профил за одредени категории на луѓе.

Значи, типологизација (уште една голема допирна точка со археологијата) на човековиот карактер , кој потоа врз база на компарација ги дава резултатите. Нема што, и да е  хипотетико -дедуктивна, археологија е.

И барем на Агата Кристи, и успева!!!

продолжува

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here