31st
August
2006
Тука во Винча врне, ладно е и екипта уште од понеделникот се распушти се до утре, кога се надевам дека ќе продолжиме со ископувањето. На локалитетот останавме само само ние од странство, кои не можеме да си отидеме дома како остатокот од тимот. Денеска сум некако носталгично расположена. Од сабајле слушам Мизар кои се поприлично почитувани кај нашиве соседи. Ниту сама знам кога ќе заврши ископувањето и кога ќе се вратам дома. Веке сум поприлично отсутна и некако се зажелев за сите луге кои ги љубам.
За да не оддремам цел ден на интернет, ќе се зафатам со еден проект за археологија кој би сакала да го спроведам во иднина кај нас. Ако сме живи и здрави, тој проект ќе ја здогледа светлината на денот и на овој блог.
До тогаш … отидов јас да работам.
© археоблог 2006
напишано во Без категорија |
30th
August
2006
Археоблогот со ваша помош само за неколку месеци ја надмина бројката од 10 000 посети. Ви благодарам на сите за вниманието.
© arheoblog 2006
напишано во Без категорија |
29th
August
2006
Е па како ми е на Винча..Хм.. Копаш по features и по unites кои ти се некакви логички целини во склоп на локалитетот. Точките кои се викаат
EDM (electronic device measuerement) ѓи наоѓаш со помош на
тотална станица. Со нив можеш да измериш 3D конфигурација на теренот, да правиш отварање и затварање на тие исти features и unites. Да лоцираш Ц наоди, т.е. артефакти од посебно значење и да зимаш точки за флотација. Тоа што го работиш, го пишуваш на посебен лист на кој треба да стои твој коментар и број на фотографија. Потоа и тоа оди на компјутер. Нема скици и цртежи и слична папирологија туку постои ортофотографија како пропратен елемент на ископувањето. Значи сума сумарум комплетна дигитална археологија.
Ако нешто зезнеш одма го бараш Master od unites …. мислам дека е тоа најтражениот човек на Винча. Што тој ќе каже, обично така и бива. И ископувањето goes on and on…
© arheoblog 2006
напишано во Без категорија |