Home Агата Кристи и археологијата Археологијата во романите на Агата Кристи (2)

Археологијата во романите на Агата Кристи (2)

1,191 views
0

Најголемиот противник на оваа културна археологија бил правецот кои се појавил на почетокот од 60-те год. од 20 век, т.н. процесуална археологија (New archaeology). Позајмувајќи ја идејата за правење на хипотеза со која ќе се тестира археолошкиот научен метод, оваа теоретска мисла се базирала на идејата дека археологот треба да направи неколку хипотези за културата која ја проучува и да го води начинот на ископување така, да би можел да ги тестира своите хипотези наспроти доказите кои ги пронаоѓа.

Агата Кристи во една од сонтите на Chagar Tell

Прашањето е пак – Зошто личност како Агата Кристи на која одлично и биле познати методологиите кои се применувале во археологијата, се решила за еден сосема поинаков приод? Херкул Поаро, малиот дебеличок белгиски детектив познат по својата педантност и узречица ,,Mon ami” и госпоѓицата Марпл, една стара брблива уседелица од мало англиско место, порилично досетлива, со специфичен начин на резигнирање успеваат да ги одгонетнат сите мистерии произведени во човечката психа.

Агата Кристи Дејвид Сачет како Поаро Маргарет Рутерфорд како г-ѓица Марпл

Поаро удобно навален во својата фотеља ги користи ,,своите мали сиви ќелии”, а госпогицата Марпл пак методот на разговор от типот комшика-комшика (што би рекла Кристи, и оговарањето може да биде понекогаш здраво, само зависи како се гледа на тоа), очигледно и обата успешни пристапи судејќи по добиените резултати. Значи Агата Кристи била пред своето време? Или (не)случајно во своите дела вметнала една археолошка мисла во зачеток која подоцна Ќе се развие во светско археолошко движење?

Agatha Christies`s quoutes за археологијата:

Археолозите се најдобри сопрузи, бидејќи покажуваат се поголемо интересирање за жената, колку што таа е постара

Вие би биле добар археолог, M. Poirot. Имате дарба да го оживеете минатото.  Agatha Christie, Murder in Mesopotamia, (1936)

продолжува

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here