2006 July 20 » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
20th July 2006

Одам на заслужен одмор

 

Токму така. Одам на заслужен одмор и ќе ме нема некое време. Додуше одам на гурбет во една странска земја, во меѓународна експедиција, но бидејќи си ја сакам работата, тоа за мене представува одмор. :) Ги поздравувам и им благодарам на сите блогери и читатели кои го посетуваа, читаа и коментираа археоблогот.

А ние се читаме некој иден убав сончев ден. :)

напишано во Администрација, Мои размисли за... | 0 Коментари

20th July 2006

Императорот Август, Мел Гибсон, црквата во Аберден, штиклите во театарот Епидаурус и мавзолејот Кјанлинг

Италијанските археолози објавија дека најверојатно го откриле родното место на императорот Август.

Ова е еден напис за Мел Гибсон, во екот на снимањето на срце-парателната митско-акциона авантура за турбулентниот крај на една од некогаш најмоќните цивилизации на Маите. Околу 300 скелети кои потекнуваат од 6 век беа откриени во St. Nicholas Church во Aberdeen, Scotland. Си ги откриваат ли тајните на својата религија Британците?

Министерот за култура на Грција со објава ги прогласи затворени следниот месец Atticus and Epidarurus театрите на кои им е потребна конзервација поради оштетување од високите потпетици на дамите.

Ќе заврши ли расправијата која ја започнаа археолозите, дали да го отворат Qianling Mausoleum, изграден пред 1,300 год. во ЈИ Кина, за време на династијата Tang. Многумина веруваат дека ако го отворат гробот, целата свила и хартија во истиот момент ќе се пресори во прашина.

Е доста е од мене, и многу е ;)

напишано во WWWести | 0 Коментари