2006 July 17 » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
17th July 2006

Мојата порака до Блогмастерот на blog.com.mk

 

Мојот последен пост го избришав бидејќи не оствив опција за коментирање, и моето право како корисник беше прекршено. И тоа токму од оние кои треба да го заштитат тоа право на корисниците. Јас замолив на најљубезен начин, а Блогмастерот ми одговори на најглпуавиот можен. Да видеше вчера блогмастерот кај мене во администрација, полето за пораките не постоеше, и ете оп денеска мистериозно се појави.

Се знае зошто служи еден блог и кому тоа служи. Кога некој има блог, тоа значи дека е негов, лично негов и само газдата може да прави на него што сака. Со самото тоа што блогерајот ги пуштил блоговите во оптицај, се оттуѓил од нив. Негово е само да ги оддржува. И постои заради давање на соодветна поддршка и токму заради овакви мали или големи киксови.

Корисниците можат да реагираат како сакаат и предходно сум рекка, а се знае како треба да реагира Блогмастерот. Самим тим тука не требаше да има никакви чувства и бидејќи се сметам за навредена со искажаните зборови, БАРАМ ЈАВНО ИЗВИНУВАЊЕ.

а после ова навистина ја исклучувам опцијата за примање приватни пораки.

Кај мене вчера вечер не постоеше опција за исклучување на ПП не знам зошто и не е мој проблем туку на оној кој го одржува блогерајот. А со тоа што не сум оставила опција за коментирање на постот, како да не му е јасно дека тоа се однесува и на него.

 

Корисник како корисник може да реагира како сака, ама не и Блогмастер, посебно не со навредливи реченици. Можам тек да замислам да нападнав или со нешто погрди зборови што ќе се случеше.

Ова не е по дома, ова е нет и блогерај, тој е Блогмастер, админ на една блогплатформа и се знае што му е работа. Се знае што е работа на еден корисник а што на еден Блогмастер.

напишано во Администрација | 0 Коментари

17th July 2006

Археологијата во романите на Агата Кристи (1)

Да не беше владеењето на Садам Хусеин, досега археолошките локалитети Нимруд, Нинива, Бабилон, Ериду и Ур ќе се ,,прочуеја”.:)) Е па не е така. Тие со или без него си ја достигнаа светската слава. Иако…секој од нив и послужи и на Агата Кристи за дејствијата во некој од нејзините романи, насловени како: Murder on the Orient Express, Death on the Nile, Appointment with Death и секако Murder in Mesopotamia. Од каде врската на Агата Кристи со археологијата?

Агата Кристи на археолошкиот локалитет Нимруд

Кога на 08.11.2001 год. Brithish Museum ги отвори вратите за својата изложба насловена како:Agatha Christie and Archaeology: Mystery in Mesopotamia, никој не беше зачуден.

Веројатно многу работи ќе ви станат јасни ако се земе во предвид дека нејзиниот втор маж сер Max Mallowan бил археолог и втората половина  од својот живот таа ја провела на Блискиот Исток по археолошки ископувања. Придружувајќи го Макс на сите тие патувања и ископувања, таа го поддржувала и морално и технички. Важела за еден од најдобрите документатори во неговата екипа, лепела керамички фрагменти и водела статистика за артефактите. На самите археолошки ископувања, таа напишала поголем дел од романите, од кои некои се случуваат директно на археолошкиот локалитет, како што се дејствијата во книгите ,,Смрт на Нил” и ,,Убиство во Месопотамија”.

Според мене делата на Агата Кристи: 1. Се со несомнено естетски книжевен квалитет.
2. Во голема мера и на ненаметлив начин во нив се спакувани основните егзистенцијални образци во светот.
3. Сите ја третираат на еден интересен начин мрачната страна на човекот која од одредени побуди превзема дејствија за заштита на некои свои емоции.
4. Пристапот кон решавање на случаите со убиства е блиску до методите на археологијата

НО:>>>

Што е тоа што ги разликува главните ликовите од романите на Агата Кристи со теренските археолози? Разликата е во начинот на методолошките постапки со чија помош се доаѓа до решението.

Кристи, Малован и Вули во Ур, 1936г.

Уште на почетокот од 20 век станало јасно дека археологијата е наука тесно поврзана со историјата и антропологијата. Првата и најосновната фаза од теоретската мисла на археологијата, симплифицирано била наречена културно-историска или само културна археологија. Заснована на индуктивното, значи дека размислувањата се сведувале на чиста логика. Мислата е заснована по принципот на силогизам на основна, главна премиса и адекватно на тоа - логичен заклучок.

продолжува…

© arheoblog 2006

, , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , .

напишано во Агата Кристи и археологијата | 0 Коментари