Дома Администрација Перцепција (реплика)

Перцепција (реплика)

1,286 views
0

 

Наместо да пишувам цел ферман од коментар кај Оксиморон на темата за Платон, идеите и блогерајов, решив дека е подобра “идејата” да ја линкам и воедно да кажам што мислам.

До некаде се сложувам со мислењето на Платон за светот на идеите, бидејќи идеите иако во својата срж според него се со еден безвременски облик и вечни, токму блогерајот покажува колку се всушност тие менливи и варијабилни.

Платон не предвидел само едно нешто. Можеби и го предвидел ама не го кажал. Светот е создаден од идеи. Идеите се создадени од мисли, а најбрзо нешто што може човек да промени кај себе…….. е мислата. Значи следствено на тоа и идеите се брзо менлива и флуидна категорија и ниту една не е глупа, проста и безначајна.

Една мисла прави имиџ, а имиџот блогери мои..е него со пари и да сакате, не можете да го купите. Бар не овдека . 😉

A да и големата мудрост доаѓа на крај

Ако најбрзо нешто што човекот може да промени на себе е мислата…

тогаш што чекате.

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Внеси го тука твоето име