15th
July
2006
Наместо да пишувам цел ферман од коментар кај Оксиморон на темата за Платон, идеите и блогерајов, решив дека е подобра “идејата” да ја линкам и воедно да кажам што мислам.
До некаде се сложувам со мислењето на Платон за светот на идеите, бидејќи идеите иако во својата срж според него се со еден безвременски облик и вечни, токму блогерајот покажува колку се всушност тие менливи и варијабилни.
Платон не предвидел само едно нешто. Можеби и го предвидел ама не го кажал. Светот е создаден од идеи. Идеите се создадени од мисли, а најбрзо нешто што може човек да промени кај себе…….. е мислата. Значи следствено на тоа и идеите се брзо менлива и флуидна категорија и ниту една не е глупа, проста и безначајна.
Една мисла прави имиџ, а имиџот блогери мои..е него со пари и да сакате, не можете да го купите. Бар не овдека .
A да и големата мудрост доаѓа на крај
Ако најбрзо нешто што човекот може да промени на себе е мислата…
тогаш што чекате.
напишано во Администрација, Мои размисли за... |
15th
July
2006
Касандра е:
- синдром во психологијата
- составен дел од соѕвездие
- проколната пророчица од древната грчката религија
- вториот крак на полуостровот Халкидики
- лик од Хајхлендер
- град во Пенсливанија
- разно Но Касандра е мит и тоа современ. А митот кој ни наметна одредени стандарди и двојни аршини доаѓа од латинскиот дел на Америка. Овој мит успеа да ги урне сите јазични бариери и овозможи еден досега “заспан” дел од светот да исплива на површина со својата култура и традиција. Мит кој заработи толку многу пари што Холивудските студија почнаа да партиципираат во него со крај цел. Уште поголема заработувачка.
Овој мит ни продава љубов, музика и една филозофија од теле новелите каде ( како што вели Бубу) имате воглавном сиромашна, но убава девојка која се мажи за богат човек. Тука е нејзината свекрва (и уште по некој член од злобната фамилија). Само Бубу, те молам си го заборавила најважниот елемент од шпанските серии (а воедно и најветиот)- свештеникот. Немој друг пат да шириш оваква ерес.
да не сакате уште и тагчиња да ставам???
напишано во Без категорија |