2006 July 14 » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
14th July 2006

Благодарност до читателите на Археоблог

Посебна благодарност изразувам до тројца свои читатели кои доаѓаат од Cocos (Keeling) Islands - Австралија/Океанија, Elmwood Park, Illinois - United States и University of Manchester, Manchester, United Kingdom. Доста често во мојот бројач на посети ги сретнувам нивните ај пи адреси, и со оглед на фактот дека се задржуваат и повеќе од потребното време да се прочита некој пост, претпоставувам дека го разбираат македонскиот јазик. Ја користам приликава да им се заблагодарам и на сите читатели кои перманентно или спорадично го посетуваат мојот блог, биле тие блогери, повремени или случајни намерници. Исто така упатувам директна “захвалност” на сите персони (некои веднаш ќе се препознаат) кои досега ми помогнаа со идеи, забелешки, коментари и критики, зошто без нив археоблогот немаше да изгледа како што е,  да биде тоа што е, а јас да пораснам за цела една педа.:)

На секого од вас ви дарувам по една голема насмевка

напишано во Администрација | 0 Коментари

14th July 2006

Пронајдена Ноевата арка!?

 

Веќе долго време се врти веста за пронаоѓањето на Ноевата арка во високите планински подрачја на Иран. Се работи за тоа дека е пронајдена карпеста формација која има облик на брод, и според

истражувачите во себе содржи силифицирани дрвенести делови ипредставува остаток на Ноевата арка. За оние кои се помалку упатени, силификација кај дрвото е процес кога дрвенестите остатоци кои веќе се прекриени со седименти, се подложни на проточна вода која ги раствора нивните органските супстанции притоа заменувајќи ги со минерали.

Според истражувачите-геолози од University College London, се работи за седиментни карпи кои самите го завземале тој облик, бидејќи таква е геолошката конституција на Иран која овозможува нивно создавање.

Ноевата арка до сега се поврзуваше со доста топоними, од кои најспоменуван е оној на планината Арарат (Турција). Е сега под знак прашање е според некои луѓе дали Ноевата арка воопшто може да се смести под наука, па таа научно да се истражува, но тоа го прави т.н. Библиска археологија која се труди имињата, местата и настаните од Заветите да ги докаже на терен, а не христијанските археолози (малку чуден термин од страна на некои новинари).

, , , , , , , , , , , , , , .

напишано во Археологија | 0 Коментари

14th July 2006

Италијанските научници ексхумирале тело за кастрација

 

Италијанските научници го ексхумирале телото на познатиот оперски пејач од 18 век, Фаринели, кој своевремено како мал бил кастриран за да му се зачуваат одличните гласовни можности.

Треба да биде направено истражување на коските од страна на научници од универзитетите во Bologna и Pisa со цел да се открие психологијата на кастрирањето, при што би можело да се детерминираат некои животни фази на Фаринели, неговите навики и болести кои ги имал.Ете и тоа се случува.Се во сврха на науката.

напишано во WWWести | 0 Коментари