2006 July 13 » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
13th July 2006

Шпиц со своја web страница

Првиот дневен бесплатен весник Шпиц, од пред некое време почна своите содржини да ги апдејтува на сопствена web страница. За сега, ако не грешам, некако порталот тешко им се отвара (барем кај мене..)

Во секој случај аирлија нека им е :)

напишано во Администрација, Медиуми | 0 Коментари

13th July 2006

Иницијатива - Групен македонски блог на англиски

Се придружувам на иницијалната идеја на Комуникации, која ја поддржа и Развигор за создавање на еден колаборативен блог во кој би учествувале сите заинтересирани македонски блогери:

,,Веќе подолго време имам идеа да поттикнам иницијатива за креирање на колаборативен блог на кој сите заинтересирани МК блогери од време на време би пишувале постови на англиски јазик со теми интересни за глобалната публика, а сепак врзани за МК, без разлика дали то ќе бидат оригинални или веќе објавени текстови.

Со цел, откако ќе го пријавиме на листата на Global Voices некој од уредниците да објавува (бендисува) некои од постовите на насловната страна, со што би вршиле промоција, не само на МК туку и на МБЗ.”

Кои се предностите на оваа идеја можете да прочитате кај Дарко на блог.

напишано во Администрација | 0 Коментари