2006 July 12 » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
12th July 2006

Петровден -> ноќ спроти Павловден

Св. Петар

или кога се спојуваат светото со профаното

Според МПЦ денеска е Петровден, а утре Павловден. Не случајно божјиот храм Св. Петар и Павле подигнат на сред село во Галичник, е именуван по нив. И токму ѕвоната на овој храм, оваа како и секоја година ќе дадат прилог кон кулминацијата при т.н. галичка свадба.

Споменат од Сердарот па се до…

Крај Галичник постои ритченце малечко, свето,
врби насадено сето
и шумоли поточе брзо
ко змија, течејќи,
кристални води леејќи (Глигор Прличев)

Поезија од камен и дрво или на еден архаичен начин се овоплотени многу вистинитости и обесмртена една судбина? Случајно или не, Прличев со малку  зборови успеал да ја долови светоста на едно место.

Галичка куќа

…Тоа е простор за кој постојано, и во војна и во мир, сакале да го освојат-присвојат, останало Мијачкото царство, хомогено, изворно, автентично. Понекогаш љубоморно завидно самото на себе, а камоли на други! Галичник. Ремек дело на градителската Мијачка рака-куќи-кули.

 Пред градот, град.Радован Павлоски

Опеан, опишан, доловен, уште еднаш во последниве 40 години пресоздаден, Галичник е планинско село од збиен тип во облик на амфитеатар. Во него нема ниту една рамна улица. Се е накосено и не е чудо што децата тука многу брзо проодувале. Но најмногу од се плени автентичната архитектура со својот посебен архитектонски автохтон облик т.н. чардак. Големиот архитект Френк Лојд Рајт рекол:

“Секој голем архитект во своето битисување е голем поет”

Галичките чардаци

напишано во Антропологија, Археологија, Архитектура, Туризам, Уметност | 0 Коментари

12th July 2006

Ref, Ana, Бу-бу и Le Piaf додадени во мојот блог рол

Токму така. Сите четири блогерки неодамна беа додадени во блог ролот, но во мојот (за сега се уште) оригинален Археолошки дневник. Некои од нив како Ref и Ana веќе подолго време ги следам, Бу-бу ја открив неодамна, а Le Piaf најискрено, пред некој ден. Нема да дадам критички осврт за нивното пишување (ви оставам сами да процените), затоа што сепак тоа се дами чие исчитување на блоговите предизвикува вистинско задоволство. Прво затоа што припаѓаат на онаа мала маса со сопствено критично расположение кон својата микро околина, јасна мисла и шармантно изразување на кое не му недостасуваат епитети. А второ, затоа што се единствени во својата посебност. Уживајте во нив. Мислам на блоговите де ;)

напишано во Администрација | 0 Коментари