2006 July 11 » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
11th July 2006

Виртуелната македонска археологија :)

 

По спотот со кој Република Македонија се рекламира преку медиумската куќа CNN (клипчето можете да го погледнете на блогот на Панта Реи), еве ја пренесувам (со мало задоцнување од само неколку саата :)))) после Вуна и Би веста за Република Македонија, на компанијата Yahoo. Иако мислам дека во врска со оваa би ја нарекла “позитивна” медиумска хајка, првиот напис кој претходеше го видов кај Iacovibus, и беше превземен од yahoo news. А му претходеше веројатно на следново. Имено… Се работи за тоа дека делот од коропрацијата на Yahoo кој носи наслов Авантури, овие 5 дена е посветен на Република Македонија. Страниците не можете да го отворите веднаш, зошто се така наштимани да се отвораат ден по ден. За сега на првиот ден  можат да се прочитаат вистински факти за нашата ,,Република” што некого би го зачудило, со оглед на тоа дека обично овој тип на информации сиве овие години честопати беа комплетно извртувани.

Можат да се погледнат и повеќе клипчиња, а впечаток остава она од yahoo news  во кое Американците запрашани, дали знаат каде се наоѓа Република Македонија, одговараат најразлично, од кои предпоставувате… ниту еден одговор го нема вистинскиот исказ.

Би постави добри прашања од типот:

- дали е ова можно?
- како сме заслужиле некој да пишува за нас толку привлечно?
- и тоа да биде реално?

Се прашувам следново:

- кои се интересите на огромна корпорација како Yahoo да представува една земја под нејзиното уставно име?
- која е целта на една компанија од американскиот пазар своите сограѓани да ги прави благо ментално ретардирани будали, кои немаат појма каде е Македонија? И тоа да го објавува на нет…
- какви придобивки ќе има Yahoo од ова, кога почнува да се шушка (ќе видиме дали е официјално) дека сите акаунти почнуват да мрзнат по 2 милионитиот регистриран корисник, и стартуваат да се наплаќаат по 10 УСД месечно!!?? Дали Yahoo си бара нова клиентела преку оваков тип на презентации?

До тогаш можете да уживате во текстовите и клипчињата. :)

напишано во Археологија | 0 Коментари

11th July 2006

Најубавото момче на светот

 

Не дека потекнува од 4 век п.н.е.
Не дека е толку близок на духот на Праксител
Не дека во него тој ја олицетворил својата љубовница куртизаната Phrynê
Не дека е пронајден во морето од заливот Маратон
Не затоа што е бронзен
Не затоа е славен
Не затоа се мисли дека веројатно го представува богот Хермес
Не дека е олицетворение на класичната грчка уметност
Не затоа што изгледа како атлет од гимназиум
Не заради правилните пропорции
Не затоа што служел како ламба во Римскиот период

Туку затоа што т.н. Мarathon boy  има многу симпатична глава, хармонија на лицето, складни линии преку кои се чита body language-от.. Затоа што веројатно е направен од голема љубов, бидејќи тој самиот е љубов.

И затоа што е убав бре!!! :)

напишано во Археологија, Уметност | 1 Коментар

11th July 2006

Кина известува за бугарско археолошко откритие

Налетав на многу интересна информација. Во централна Бугарија е пронајден Тракиски град кој потекнува од 5 век п.н.е,  и тоа според некакви news reports од Кина. Ако е точна информацијата на локалните вести велат дека се работи за Тракиски град кој може да биде од најголема важност за бугарската археологија и историја, зошто тогаш Бугарите молчат?

А?  Зошто?

напишано во Археологија, Медиуми | 0 Коментари