Home Книги и литература Magor Book Cafe

Magor Book Cafe

1,517 views
0

 

Конечно осамна и тој ден кога во Скопје почнааа да никнуваат кафе-книжарници по примерот во светот. Како што ви е веќе познато (на некои од вас) на 21.06. издавачката куќа Магор отвори своја  кафе-книжарница во центарот на градот. Локацијата во Порта Буњаковец (екс кафулето на Масин) е мудро избрана, веднаш спроти ноќниот клуб Балет.

 

Колку јас можев да забележам, во кафе-книжарницата можете да најдете книги од речиси сите издавачи од Македонија. Маја, која е менаџер вели дека:

,,За да ги задоволи потребите на читателите, Магор одлучи книжарскиот дел да работи исто како барот, до 12 часот навечер, односно до 1 часот по полноќ, летно време. Изданијата на Магор цело лето ќе се продаваат по саемски цени, со попуст од 30-80% (инаку јас видов и книги што се по 50 денари). Понатаму, барот има огромна понуда на безалкохолни и алкохолни пијалоци, (за прв пат во животот пробав Hausbrandt cafe), сладолед итн…

Освежте се летово со квалитетно кафе и добра книга во пријатната атмосфера на Magor Book Cafe”

Ем башка можете да присуствувате на најразлични настани. Јас бев на два, свирката на “Летечки пекинезери” (права журка) и промоцијата на книгата ,,Гризни го јаболкото” (пазар на суети).  Но нејсе…инаку мене ентериерот многу ме бендиса. Некако е така домаѓински направен и се чувствувате многу фино. А можете да си читнете уз пат и некоја книга.

Клучни зборови: Магор, книжара, книга, кафe книжара, Сkопје, Magor, bookstore, book, book cafe, Skopje

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here