Инфо
За мене
Vasilka Dimitrovska
Skopje, Macedonia
Archaeologist
and professional tourist guide
e-mail: info@arheo.com.mk


Следи ме
впиши ја твојата e-mail адреса


Препорачливо е сајтот да се гледа со Mozilla Firefox
Videos|Channels|Community





View milozvu4na's profile on slideshare



www.flickr.com
This is a Flickr badge showing photos in a set called Саат кулата во Прилеп. Make your own badge here.


Free PageRank Checker
Кажав и направив
Археоблог дел од:
Списанија




Join to my Facebook ARHEO Network

PostHeaderIcon Менхири, трилити, кромлиња, долмени, хенџови…

 

Текстот е публикуван во книгата – В. Димитровска, 2008, Археолошки дневник, Аквариус, Скопје, 9-14.

 Археолошки дневник


 

Менхири, Карнак - алинјемони

Самиот збор мегалит представува сложенка од двата грчки збора – мегалос (голем) и литос (камен).Кога ќе се каже дека е нешто мегалитско (гроб, обсерваторија итн.) се подразбира дека е направено од прилично огромни камења кои се употребени како основа за некаква структура или споменик. Ги има несекаде во светот. Некои се лоцирани вдолж Медитеранот, концентрирани во Западна Европа, или само во Англија. Сите тие архитектонски праисториски споменици, во суштина имаат свои составни елементи:


МенхирMенхир – (men-камен hir-долг) бретонски израз за еден исправен камен, монолит, вертикално вкопан во земја. Тие се основата на многу праисториски мегалитски споменици во З. Европа. Можат да бидат распоредени линиски (алинјемони-  како на пр. Карнак) или кружни (кромле). Кромлесите имаат претежно сакрална функција и често се поврзани со конструкции од типот на хенџ. Мехнирите пак се омилена тема за шпекулација во псеудоархеологијата. Но толку се препознатливи од праисториските култури што дури од време на време ќе се се појават и во некој друг медиум (како на пр. Астерикс).

Трилит – структура која се состои од три огромни камени блока. Два од нив се вкопани во земја, а третиот е поставен хоризонтално како архитрафна греда. Може да биде и составен елемент од некој хенџ.

ДолменДолмен – (tol-маса, men-камен) или камена маса. Стар бретонски израз за да се означат камените гробни конструкции во вид на џиновски маси, бидејќи навистина така и изгледаат. Можат да бидат составени од два исправени камена и еден хоризонтален кој налегнува во нив (формирајќи ја буквата П) па се до групација од такви камења. Најчесто се состојат од три до шест големи камени блокови вкопани во земја преку кои е положена огромна камена плоча.


ХенџХенџ – кружна или овална конструкција од култен карактер, со преку 20 м во дијаметар и ров околу него. Пристапот им е ограничен само од неколку страни, но најчесто од онаа која гледа кон Сонцето кога излегува на денот на летната долгодневица (1,2) или зимската краткодневица. Можат да бидат составени од компоненти кои вклучуваат – камени седишта, камени кругови, менхири, трилити, кромлиња, некрополи итн…

Теориите за што можеле да бидат употребувани овие хенџови ќе ги оставам за друг пат. Но најчесто се поврзуваат со култни ритуали и астрономски обсерватории.Инаку целиот овој текст беше поттикнат од неодамнешното пронаоѓање на еден оваков хенџ во Германија стар 7000 години, за кој неофицијално е потврдено дека е можеби најстарата мегалитска праисториска обсерваторија во светот.

Хенџ

Имам чувство дека во ерата на водолија и пронаоѓањето на нашето Кокино, одеднаш почнаа да се откриваат мегалитски обсерватории насекаде низ светов кои вообичаено се компарираат со Стоунхенџ во Англија. За сега не можам да ја фатам нишката. Барем не на научна основа.*

Kлучни зборови: , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , , .

Bookmark and Share

One Response to “Менхири, трилити, кромлиња, долмени, хенџови…”

Leave a Reply

За сајтот

Добредојдовте на мојот сајт. Доколку ви се допаѓаат моите текстови и сакате да ме следите кликнете на RSS фидот. Сајтот е заштитен со Законот за авторски и сродни права.

Почитувајте ја лиценцата на Криејтив Комонс пред да позајмите без прашање.

Василка Димитровска археолог

Пребарувај по сајтот
Translate from macedonian
Membership
Категории
Архива
Моето прво мета интервју
Археолошки дневник во:
Календар
July 2006
M T W T F S S
« Jun   Aug »
 12
3456789
10111213141516
17181920212223
24252627282930
31  
Посети



Global Voices на македонски

Global Voices на македонски
Следи ме на Twitter

Twitter Updates

    follow me on Twitter
    Get Adobe Flash playerPlugin by wpburn.com wordpress themes