2006 July 01 » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
1st July 2006

Менхири, трилити, кромлиња, долмени, хенџови…

                 Менхири, Карнак - алинјемони
Самиот збор мегалит представува сложенка од двата грчки збора - мегалос (голем) и литос (камен).Кога ќе се каже дека е нешто мегалитско (гроб, обсерваторија итн.) се подразбира дека е направено од прилично огромни камења кои се употребени како основа за некаква структура или споменик. Ги има несекаде во светот. Некои се лоцирани вдолж Медитеранот, концентрирани во Западна Европа, или само во Англија. Сите тие архитектонски праисториски споменици, во суштина имаат свои составни елементи:

МенхирМенхир - (men-камен hir-долг) бретонски израз за еден исправен камен, монолит, вертикално вкопан во земја. Тие се основата на многу праисториски мегалитскиМехнир споменици во З. Европа. Можат да бидат распоредени линиски (алинјемони-  како на пр. Карнак) или кружни (кромле). Кромлесите имаат претежно сакрална функција и често се поврзани со конструкции од типот на хенџ. Мехнирите пак се омилена тема за шпекулација во псеудоархеологијата. Но толку се препознатливи од праисториските култури што дури од време на време ќе се се појават и во некој друг медиум (како на пр. Астерикс).

 
               Кромле                Трилит               

Трилит - структура која се состои од три огромни камени блока. Два од нив се вкопани во земја, а третиот е поставен хоризонтално како архитрафна греда. Може да биде и составен елемент од некој хенџ.

ДолменДолмен - (tol-маса, men-камен) или камена маса. Стар бретонски израз за да се означат камените гробни конструкции во вид наДолмен џиновски маси, бидејќи навистина така и изгледаат. Можат да бидат составени од два исправени камена и еден хоризонтален кој налегнува во нив (формирајќи ја буквата П) па се до групација од такви камења. Најчесто се состојат од три до шест големи камени блокови вкопани во земја преку кои е положена огромна камена плоча.

ХенџХенџ - кружна или овална конструкција од култен карактер, со преку 20 м во дијаметар и ров околу него. Пристапот им е ограничен само од неколку страни, но најчесто од онаа која гледа кон Сонцето кога излегува на денот на летната долгодневица (1,2) или зимската краткодневица. Можат да бидат составени од компоненти кои вклучуваат - камени седишта, камени кругови, менхири, трилити, кромлиња, некрополи итн…

 
                           Хенџ               

Теориите за што можеле да бидат употребувани овие хенџови ќе ги оставам за друг пат. Но најчесто се поврзуваат со култни ритуали и астрономски обсерватории.

Инаку целиот овој текст беше поттикнат од неодамнешното пронаоѓање на еден оваков хенџ во Германија стар 7000 години, за кој неофицијално е потврдено дека е можеби најстарата мегалитска праисториска обсерваторија во светот.

Имам чувство дека во ерата на водолија и пронаоѓањето на нашето Кокино, одеднаш почнаа да се откриваат мегалитски обсерватории насекаде низ светов кои вообичаено се компарираат со Стоунхенџ во Англија. За сега не можам да ја фатам нишката. Барем не на научна основа.*

*забрането за публикување

напишано во Без категорија | 0 Коментари

1st July 2006

Со свој камен од Розета по своја глава (реплика на пост)

 

Бидејќи бев замолена од повеќе луѓе на повеќе места, да дадам некакво мислење за Каменот од Розета и дешифрирањето на средниот дел од текстот од страна на академик Башевски и проф. Тентов…како за почеток ќе ви препорачам  прво да го прочитате текстот на Развигор насловен истоветно како мојот пост, па да размислите, и дури потоа да си завземете сопствен став. Како дополнение за упатството можете да проверите дека:

1. на страницата на МАНУ не може ништо да се прочита, и не знаеме дали е ажурирана со нови податоци, бидејќи не им работи серверот
2. во дневните весници можат да се прочитаат само штуро искарикирани информации (1,2,3)
3. главниот збор треба да го имаат историчарите, египтолозите и лингвистите, а не археолозите. Археолозите си го сториле своето со пронаоѓање на каменот. За останатото си постојат помошно-историски науки. Едноставно некои луѓе очигледно треба да разграничат во што се состои работата на археолозите и до каде досега нејзиниот лимит. Ако има нејаснотии за помош можете слободно да се обратите кај чичко гугл. А да, на гугл њуз како вели Развигор нема ништо за ова неоспорно ,,важно” откритие ..или и тоа не е ажурирано!?

Но сепак ако добро просурфате, ќе налетате на еден краток напис од Бугарија во кој се вели, цитирам:

 

,,According to the decipherers the texts didn’t prove that ancient Macedonians used to have and created the Alexandria Library known as one of the 7 World Wonders….

The two scholars claim that the text written on the Rozeta Stone was with words that used to be identical with the modern Macedonian language and its dialects. 

The pre-election situation in Macedonia is doing strange things, FOCUS correspondent commented.

Заклучок: Не завземам никаков став од проста причина. Прво не сакам да реагирам на се живо зошто пред да се скокне, треба да се каже ,,оп”. Второ. Си постои методологија на истражување која за почеток вели дека треба да се види и да се прочита трудот на двајцата истражувачи. Потоа треба да се консултира целата позната литература која постои за Каменот од Розета. И на крај за да се даде мислење треба да се исчита сета научна публикувана литература на сите јазици и од сите научници, во однос на таа проблематика. Кој има време за толку ,,многу” наука- изволте. Но јас го немам!!!

EDIT: еве дури пред 2 часа се појави првата информација на гугл, кој е само пуки превод на се она до сега ,,објавено” по весниците. kamen … Rozeta … pismo … jazik … камен … Розета … писмо … јазик …

напишано во Археологија | 0 Коментари