2006 July » Археолошки дневник vol.2.1/2 ©
29th July 2006

Археологијата во романите на Агата Кристи (2)

 

Најголемиот противник на оваа културна археологија бил правецот кои се појавил на почетокот од 60-те год. од 20 век, т.н. процесуална археологија (New archaeology). Позајмувајќи ја идејата за правење на хипотеза со која ќе се тестира археолошкиот научен метод, оваа теоретска мисла се базирала на идејата дека археологот треба да направи неколку хипотези за културата која ја проучува и да го води начинот на ископување така, да би можел да ги тестира своите хипотези наспроти доказите кои ги пронаоѓа.

Агата Кристи во една од сонтите на Chagar Tell

Прашањето е пак - Зошто личност како Агата Кристи на која одлично и биле познати методологиите кои се применувале во археологијата, се решила за еден сосема поинаков приод? Херкул Поаро, малиот дебеличок белгиски детектив познат по својата педантност и узречица ,,Mon ami” и госпоѓицата Марпл, една стара брблива уседелица од мало англиско место, порилично досетлива, со специфичен начин на резигнирање успеваат да ги одгонетнат сите мистерии произведени во човечката психа.

Агата Кристи          Дејвид Сачет како Поаро          Маргарет Рутерфорд како г-ѓица Марпл

Поаро удобно навален во својата фотеља ги користи ,,своите мали сиви ќелии”, а госпогицата Марпл пак методот на разговор от типот комшика-комшика (што би рекла Кристи, и оговарањето може да биде понекогаш здраво, само зависи како се гледа на тоа), очигледно и обата успешни пристапи судејќи по добиените резултати. Значи Агата Кристи била пред своето време? Или (не)случајно во своите дела вметнала една археолошка мисла во зачеток која подоцна Ќе се развие во светско археолошко движење?

Agatha Christies`s quoutes за археологијата:

Археолозите се најдобри сопрузи, бидејќи покажуваат се поголемо интересирање за жената, колку што таа е постара.

Вие би биле добар археолог, M. Poirot. Имате дарба да го оживеете минатото.  Agatha Christie, Murder in Mesopotamia, (1936)

продолжува

напишано во Агата Кристи и археологијата | 0 Коментари

24th July 2006

Пронајдена мегарска чаша со претстава на Афродита

 

Кога овој пост ќе се појави јас нема веќе да бидам во Македонија, но нејсе морав да дадам свој коментар на статијава. Имено, прочитав вест во елекртонската верзија на весникот Шпиц - Глава на Афродита најдена во Струмица. Си викам, по онаа ексклузивната статуа која пред некоја недела ја најдоа во Грција, можеби и ќе може да се направи некаква компарација.

Кога тоа, во текстот подолу се открива дека тоа е всушност ,,Мегарска чаша со флорални мотиви и пластично моделирана женска глава на Афродита”, кои се само еден дел од наодите кои струмичките археолози ги пронашле на локалитетот Орта џамија во Струмица.

Фино. Глави има колку сакаш. Главата може да биде изгравирана на камен. Да биде ба или обичен рељеф. Нацртана или насликана на ѕид, на керамика, на предмети за утилитарна или ,,култна” намена. Може да биде статуа…итн…значи ликовните представи на еден карактер ниту визуелно, ниту стилски, а богами ниту уметнички не се ограничени.

Во археологијата, кога ќе се каже дека е пронајдена глава, тогаш тоа значи само едно. Дека е пронајдена глава од одредена личност (вистинска или од митологијата) која и припаѓала или била дел од некоја статуа.


До кога бе ќе биде
вака карикирана нашава археогија по новиниве? А? До кога?

напишано во Археологија, Медиуми, Уметност | 0 Коментари

21st July 2006

Македонски центар за женски права

За добробитот на сите жени во светот, најискрено се надевам дека сајтот на Македонскиот центар за женски права ќе профункционира.

напишано во Мои размисли за... | 0 Коментари