Home Археологија ЈАВЕН АПЕЛ- МАКЕДОНСКАТА АРХЕОЛОГИЈА…ЗАКОПАНА….

ЈАВЕН АПЕЛ- МАКЕДОНСКАТА АРХЕОЛОГИЈА…ЗАКОПАНА….

1,751 views
0

До каде ќе дозволиме да оди потрагата по нашиот ..ако постојано на границите од маргината ја поставуваме единствената наука која може да не вознесе во вечноста – та.

Статистичката бројка вели дека на територијата на Р. официјално се регистрирани над 4200 археолошки локалитети. Од нив околу стоттина веќе систематски се истражуваат со години. Но оваа година Министрството за култура направило пресметка дека на една значајна институција како што е Музејот на Македонија, потребни му се пари за ископување на само четири локалитета. Со средства кои се на границата од пристојноста, македонската археологија не само што ќе биде осакатена, туку
Ќе се остави погодно тло за “работа” на дивите копачи и за “цветање” на т.н. археолошката мафија. Немаме евиденција што е до сега пронајдено, а со дивите копачи нема да знаеме ни што воопшто не е пронајдено..оти за брзо време ќе се појави на витрините од British Museum (како што беше случајот со пајонските монети) или по приватните колекции низ светот.

И после некој ќе каже археолозите не работеле, или немале никакви резултати. Како кога самата држава е виновна за нарушување на нивниот имиџ кој веќе трае со децении. До кога археолозите ќе го трпат нивното обезвреднување во јавноста и ќе бидат принудени да создадат мејнстрим underground герила,  за да се изборат за своите права.

Поседуваме огромно културно богатство, а исто како да го немаме. Или можеби влегуваме во Гинисовата книга на Рекордите како најнихилистичко општество кое постоело кога и да е на планетава. Негираме се до екстремни граници, па дури и нашето постоење.

Можеме да се фалиме со Самуловата тврдина, со опсерваторијата Кокино, со Стоби, со Хераклеа..и да се удираме во гради демек сме античка или библиска земја. А не само што не знаеме како да си ја пласираме својата култура и археологија во светот, туку индиферентноста на некои институции кон своето културно наследство по се изгледа дека е пропратен феномен на нашево суперкултурно општество и така генетски мутиран се пренесува од поколение на поколение. Критичките опсервации велат дека можеби тоа се должи и на недоволната инфоримраност на општата популација, но тоа е веќе друга тема.  Пред нашите очи немеа, бледнеат и се губат културите на сите цивилизации кои на нашата територија создале нешто во минатото.

Секогаш имам намера да создавам основа за разбирање помеѓу мене и моите соговорници. Во овој случај тоа е помеѓу мене и читателите – , но сакам и да им наметнам една платформа на која блогерите ќе мораат понатаму самите да се градат и постојано да ја исправуваат. Да ве прашам драги блогери – дали е можеби ерес да се биде горд на своето културно наследство???

Вистинскиот клуч за старите култури го носиме во себе. Треба да го дадеме како сведоштво, за да остави печат на времето. Треба по душата да се жигосаме за никогаш во животот да не заборавиме, на кого припаѓало тоа што вредело. Со нашето богато , поштедени сме од годините на вечниот заборав. Со него како доживотен товар, не дели само еден чекор до вечноста. Нашето е како прекрасна која треба да биде раскажана секому. И на сите тие стории треба веќе еднашка да се навикнеме како на своја облека.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here