Home Археологија ФЕУДАЛНАТА КУЛА ВО СКОПЈЕ

ФЕУДАЛНАТА КУЛА ВО СКОПЈЕ

2,768 views
1

 

Блогери-истражувачи, посебно скопјани, дали знаете каде во вашиот град се наоѓа т.н. илити позната како ?

Кулата е четиристрана градба, подигната на три ката што внатрешно биле поврзани со скали. Како материјал за нејзината изградба бил употребен , а во најгорниот дел била користена тула, поставена во форма на запци. Во кулата се влегува од север, а според остатоците од конзолите, утврдено е дека на северната и на западната страна се издвојувале балкони.

Инаку таа спаѓа во посебен вид станбена која истовремено служела и како одбранбен објект. Заради одбранбениот карактер во долната зона има помал број прозорци и посебен вид отвори за пушки. Единствено на последниот кат има благо издадени балкони од дрво, т.н. теферичи. За греење на кулата биле направени две огништа сместени во ѕидовите на првиот и вториот кат. Третиот кат се затоплувал од оџаците кои поминувале низ него. Скалите кои водат низ кулата се сместени во дебелите камени ѕидови чија широчина изнесува 1,45м.

За времето на нејзината градба и за името на нејзиниот градител се знае малку. Се претпоставува дека припаѓала на некој и дека е изградена кон крајот на XVII век и во почетокот на XVIII век. Висока е 14 метри со квадратна основа 7,5м х 7,5м. Во почетокот на XX век била сопственост на скопското семејство Кулели. Денес во неа е сместена спомен собата на , родена во Скопје, изложбениот салон на Друштвото на занаетчиите и дел од колекцијата на Музеј на Македонија.

(за оние трагачи по културното богатство за кои таа претставува предизвик за пронаоѓање … доколку ја најдат за себап нека се сликаат со неа)

п.с. некако ве гледам сите одма на google 🙂

1 COMMENT

  1. […] Таор Пикасо, Вазарели, Калдер………во Скопје ФЕУДАЛНАТА КУЛА ВО СКОПЈЕ Старо Скопје во ново руво – промоција на web site По […]

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here