30th
December
2006
Донирајте 100 ден. на мобилниот: 070 143 131
Нашето дете 4-годишниот Андреј Здравковски, роден на 3 јули 2002 година, боледува од неоперабилен брзорастечки тумор на стеблото на мозокот (brain stem glioma) заради што е неопходно итно да се транспортира во САД и да се подвргнена интензивен лекарски третман.
Единствена надеж за негово узлекување е Клиниката Бурзински Во Хјустон, Тексас. Со оглед на тоа дека се работи за многу скапо лекување (7500 американски долари месечно), а лекувањето е долготрајно (најмалку 18 месеци) неопходна ни е финансиска помош. Затоа Ви се обраќаме Вам со огромна молба за паричен прилог според Вашите можности. Животот на нашиот 4 ипол годишен син зависи од сите нас!
Прилози можат да се уплаќаат и на следнава сметка:
ЗДРАВКОВСКИ АНДРЕЈ 210 046645310119
пов.бр.8271-210501558889086 Тутунска Банка-Скопје
Однапред Ви благодариме за сочувството и хуманоста: Стојан и Наташа Здравковски
ул.Пробиштипска 16а - Скопје
напишано во Јавни апели |
29th
December
2006
Драги мои пријатели, читатели, блогери, попатни минувачи низ мојот блог. Оставам зад себе една успешна година на блогирање и се надевам дека ќе се дружиме и понатаму.
Ви посакувам следнава година да имате илјадници причини за насмевка, а ниту една за тага.
Ви посакувам да ги искористите сите можности кои ви ги дава животот, да бидете посреќни, подобри во секој поглед, помудри, повредни и покорисни.
Да давате и да примате многу Љубов, Мудрост, Добрина, Радост и Сочувство.
Но најмногу од се ви посакувам да имате добро здравје и засекогаш да бидете свесни за квалитетите кои ги поседувате.
Срдечно
Среќна Нова 2007
напишано во Без категорија |
28th
December
2006
Археолошкиот локалитет ,,Церје”, во близината на селото Говрлево (Скопје, Македонија) според пронајдените артефакти, е датиран од
Раниот Неолит до почетокот на
Бронзеното доба. Овој видео клип претставува реконструкција на Неолитска куќа од овој повеќеслоен локалитет, земајќи го во предвид фактот дека овие куќи за живеење биле правени од камен и дрво, што е посведочено и со нивно присуство на теренот.
Уживајте
напишано во Прилози на Wikipedia |